Image result for nidri lefkada

 Вилата Spiros има убав уреден двор и е лоцирана на влез во Нидри, на 150м од плажа, 1 км од центар на Нидри. Објектот располага со двокреветни, трокреветни и четворокреветни студија, сите со поглед на море, опремени со тоалет со туш, кујна и балкон. Студијата располагаат и со ТВ и клима за кои се доплаќа дополнително во објектот.


                               ЛЕФКАДА  (наем за 7 или 9 ноќевања, со сопствен превоз)

* Цените се однесуваат за наем на студио или апартман, за 7 или 9 ноќевања (без превоз)
* Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR = 62 MKD)


                            ЛЕФКАДА (аранжман 7 или 9 ноќевања со автобуски превоз)

* Цените се однесуваат за пакет аранжман по лице ( 7 или 9 ноќевања со вклучен превоз) за минимум 2 возрасни лица во студио / апартман.
* БЕСПЛАТНО сместување за трето и четврто лице на дополнителен кревет, плаќа само превоз 55 €  (40 € деца 2-12 години).
* Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR = 62 MKD)


ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
-За употреба на клима уред (ac*) во SPIROS се доплатува во објектот (каде што е достапен)
- Доплата за туристичка такса 0,5 € - 1 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
- За уплата на две смени одобруваме попуст од 10% на втората смена.
** Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со родител, со одобрение од сопственикот на објектот.
- Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата) 

АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ: 55 € (40 € за деца 2-12 год.)


ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
* Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
* Собите се превземаат од 14:00 часот по локално време на денот на доаѓање. Собите се напуштаат до 09:00 часот по локално време на денот на заминување. 
* Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патување. Сопственикот нема да дозволи сместување на ненајавени лица. 
* Цените се објавени во Travel Info бр.100, апартманско и хотелско сместување во Грција, со важност до 30.09.2019 година. 
* Цените со попуст важат за резервација и уплата на 50% од износот на аранжманот до датумот на важност на попустот. Уплатениот износ од 50% не се враќа ако патникот го откаже патувањето.
* При промена на цените (зголемување на цените со објавување на нов ценовник) нема да се менува цената на веќе договорените услуги. 
* Во случај на објавување на т.н. Last Minute специјални понуди пред отпочнувањето на аранжманот (поради отказ од клиент, намалена цена од сопственикот за одреден термин, недоволна продажба и сл.) нема да се менува цената на веќе договорените услуги.  
* При отказ на аранжманот уплатен по редовни цени, важат условите за отказ објавени во описот на аранжманот или во Општите услови на патување. 
Препорачуваме “Осигурување од ризик - отказ на аранжман“ !

НАПОМЕНA:
- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.

GALLERY