Bu tesisin galeri resmi Bu tesisin galeri resmi

Положба: Хотелот се наоѓа во областа Кунду, 20км од центарот на Анталија, 15 км од аеродромот.
Плажа: Хотелска песочна плажа со лежалки, пешкири и чадори за сонце кои не се наплатуваат. Приватни павиљони со претходна резервација и со доплата.
Содржини: Ristorante Bellini-главен ресторант, A’la Сarte Ресторани-Ristorante Veneto (Италијански), Burano (рибен ресторан), Ottoman (Турска кујна), La Carreta (Бразилска и Аргентинска кујна), Café Florian-бели пецива, Lido bar-дневна ужина и 9 барови на различни локации во хотелскиот комплекс. Доктор, сервис за перење и пеглање, чување деца, фризер, Велнес центар, телефон, факс, интернет, продавници, rent a car дополнително се наплаќа. Интернет во лоби бесплатен. Отворени и затворени базени, лизгалици на вода, фитнес центар, сауна, Турска бања, Џакузи, тениски игралишта, мини фудбал, одбојка на плажа, кошарка, пинг понг, пикадо, билијард не се наплатуваат. Часови по тенис и осветлување за тениските игралишта, часови за нуркање, водени спортови, масажа и салонот за убавина се наплатуваат. Забавна програма преку целиот ден и шоу програма навечер. Мини клуб за деца од 04-12 год.
Сместување:
Хотелот има 6 различни блока, San Marco Basilica (главна зграда-лоби, Спа центар, внатрешен базен), Palace of Dukes (главен ресторант, сала за состаноци, продавници, кафе Флориан, ресторант Венетто), San Marco, Santa Maria, Castello и Campaneile Tower. Вкупен број на соби 540. Стандардни соби 478 во San Marco, Santa Maria и Castello (25м² ; 2+1 лица), 55 фамилијарни соби во истите згради (40м²; две соби одвоени со врата, купатило, макс. 2+2 лица), Ројал суит соба (100м², една спална,работно катче, купатило со Џакузи, макс.2 лица). Вилите се лоцирани во градина (130м², два ката: на приземје се наоѓа една спална, едно купатило, Америчка кујна, дневна и туалет; горниот кат : две спални, две купатила со џакузи во едното, макс. 6+2 лица). Собите можат да бидат со поглед на море, градина или базен, купатило со када, фен и телефон, централна клима, телефон, мини бар (се дополнува секој ден со вода и сокови), сеф, тепих на подот, сателитска ТВ и музички канали, WI-FI интернет конекција.
Услуга: Ultra All Inclusive, се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, ужини, вечера, полноќна шведска маса, сите локални и некои увозни безалкохолни и алкохолни пијалоци, мини бар (секој ден се дополнува со вода и безалкохолни пијалоци), сладолед еднаш во денот во одредени часови. Специјалните увозни пијалоци, флашираните безалкохолни пијалоци и вина, A’la Сarte ресторани (се наплатуваат со претходна резервација), наргиле, свежи цедени сокови, услуга во соба, луксузните пијалоци се доплаќаат.


 

ХОТЕЛ тип услуга мај јуни јули август септември
VENEZIA PALLACE DELUXE *****
DBL 6 UAI од 781 од 950 од 1020 од 1129 од 950

 


 

Во цената е вклучено:
Чартер лет Скопје – Анталија – Скопје
Аеродромски такси
Хотелско сместување на дадената услуга
Трансфер аеродром – хотел – аеродром

Легенда:
DBL/TWIN - двокреветна соба (можен помошен кревет), SGL - еднокреветна соба, APP - апартман, Family - фамилијарна соба, SUITE – суит, Mezonette – мезонет, Bungalow – бунгалов, PV/MV - поглед на парк, SV - поглед на море,  tv - телевизор, fr - ладилник (фриждер), ac - клима уред, BB - ноќевање со појадок, HB - полупансион (појадок и вечера), AI - (all inclusive) се вклучено.
 

GALLERY