Локација: хотелот е лоциран во непосредна близина на плажата во Торони, една од најпопуларните песочни плажи на Ситонија, Халкидики.
Хотелски содржини: рецепција, ресторан, отворен базен, pool бар, snack бар, бежичен интернет (wi-fi), паркинг, рент а кар услуги, фитнес, мини маркет, SPA центар ...
Сместување: Хотелот е организиран во два сместувачки дела од различна категорија. 
Главна зграда **** > 45 соби со поглед на базен и море. Собите се опремени  со тераса/балкон, бања, клима, сателитска ТВ телефон, мини бар ...
Депанданс (Old wing **+) > студио-соби на приземје, 1 и 2 кат. Собите се опремени со тераса/балкон, бања, мини бар, ТВ, клима уред ...
Плажа: песочна плажа со beach bar
Услуга: полупансион (појадок и вечера)



* Во основните цени не се пресметани попусти. Цената со попуст за рани резервации е дадена во редот под основната цена (со црвена боја)
* За резервација потребна е уплата од мин. 30% од вкупната цена, а останатиот дел се доплаќа најдоцна 15 дена пред почетокот на аранжманските услуги 
 *** (Освен за резервации СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА, кога условите се дефинирани поинаку, според забелешката подолу) ***


Попустите за СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА имаат валидност за резервации направени според условите на понудата. Истите не може да бидат комбинирани со други попусти и промоции. ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ПО ПРИЛОЖЕНИТЕ УСЛОВИ ЗА СПЕЦИЈАЛНА ПОНУДА ПОТРЕБНА Е НЕРЕФУНДАБИЛНА УПЛАТА ОД 50% ОД ВКУПНАТА СУМА НА АРАНЖМАНОТ, А ЦЕЛОСНА ДОПЛАТА СЕ ВРШИ НАЈДОЦНА 2 НЕДЕЛИ (15 ДЕНА) ПРЕД ДАТУМОТ НА ВЛЕЗ ВО ХОТЕЛ. 

Сите резервации направени по предвидените датуми и услови од специјалната понуда ке бидат наплатени по редовни, или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на резервирање. Промени во резервации направени во предрезервацискиот период не се дозволени. Во случај на промена на веќе потврдена резервација (имиња, број на патници, хотел, термин, итн) цената на програмата ќе биде калкулирана редовно, без попустот за рано букирање, односно според цените актуелни во периодот кога се врши промената, освен во ситуации кога организаторот писмено ќе дозволи поинаку.


ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
* Сместување во избраниот хотел на база на избраната услуга во термин со 7 ноќевања, според табелите во ценовникот. 
* Трошоци за организација на програмата.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
* Превоз до избраниот хотел во Грција (на барање, со доплата, може да се организира превоз до хотелите)
* Задолжително патничко осигурување.
* Услуги како бесплатно користење лежалки и чадори на плажа итн. не се вклучени во цена, освен ако е наведено поинаку во подеталните описи на хотелот
 * Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци....


УСЛОВИ И НАЧИН НА ПЛАЌАЊЕ:

 * Плаќањето се врши исклучиво во денарска противвредност по курс од 62,0 ден. за 1 ЕВРО. 


АВТОБУСКИ ПРЕВОЗ: 35 € (25 € деца 02-12г.) 


ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање на автобусот според локалните сообраќајни услови.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.

Туристичка такса за престој се плаќа директно во хотел:
5* хотели: 4 € од соба од ноќевање
4* хотели: 3 € од соба од ноќевање
3*хотели: 1.50 € од соба од ноќевање
1 & 2* хотели: 0.50 € од соба од ноќевање

Легенда:

DBL/TWIN - двокреветна соба (можен помошен кревет), SGL - еднокреветна соба, APP - апартман, Family - фамилијарна соба, SUITE – суит, Mezonette – мезонет, Bungalow – бунгалов, PV/MV - поглед на парк, SV - поглед на море,  tv - телевизор, fr - ладилник (фриждер), ac - клима уред, BB - ноќевање со појадок, HB - полупансион (појадок и вечера), AI - (all inclusive) се вклучено.

GALLERY