Травел тренинг центарот во Скопје (TTC IATA-ATC), е формиран како посебена едукативна единица во состав на туристичката компанија САВАНА. Новоформираниот Травел Тренинг Центар, од 2013 година доби одобрување од Меѓународниот IATA Институт за обука и развој на кадри во туристичката и патничка индустрија, од Монтреал, да стане дел од мрежата на овластени тренинг центри ширум светот. Авторизираниот Тренинг Центар во Скопје, со меѓународна лиценца МК-SAV-2-13-01, досега ги доби овластувањaта за спроведување на следните курсеви за обука: "IATA/UFTAA Foundation in Travel and Tourism", "IATA GDS Fares and Ticketing", "IATA Travel and Tourism Consultant", "SMART Course (Selling and Managing Airline Reservations and Travel) и "IATA Managing the Travel Business", во туристичката индустрија, како и за курсот "Front desk agent" во угостителската. Исто така, тренинг центарот воедно ги има и овластувањата за спроведување на испитите во меѓународно утврдените испитни рокови, во неговите простории. Травел тренинг центарорт во Скопје, во 2014 година, ја доби и потребната авторизација за спроведување на едукација и обука за  работење на Глобалниот дистрибутивен систем (GDS Galileo), како и за одржување на испитите за кандидатите, за стекнување со сертификат. Од 2016 година, Травел тренинг центарот од Скопје, ги доби и потребните овластувања за одржување на IATA & UFTAA курсевите и на територијата на Република Србија, преку тамошниот тренинг центар во Белград.

Имплементирајќи ги највисоките меѓународни стандарди, пропишани од IATA Институтот за обука и развој на кадри во туристичката и патничка индустрија, ТТЦ Скопје, воведе нови вредности во досегашниот начин на организирање на едукативни курсеви и обуки, на сегашните и идни туристичките кадри во Македонија и регионот.