Gallery image of this property Gallery image of this property
Локација: Хотелот „Макпетрол” - Маврово е сместен во пазувите на планината Бистра, покрај Мавровското Езеро на 1300 метри надморска височина во националниот парк „Маврово”, со извонредни услови за зимски и летен одмор и рекреација.
Сместување: Хотелот располага со 40 двокреветни соби и два апартмана, сопствен паркинг и ски гардероба. Собите се со стелитска ТВ, безжичен интернет, телефон, мини бар, тоалет и тераса со прекрасен поглед кон ски терените.
Содржини: Хотелот располага со климатизиран мултимедијален простор, ТВ сала, снек бар и сала за конференции, семинари, симпозиуми и разни прослави.
Спорт и рекреација: скијачки терени, три жичарници, дванаесет ски лифтови и сноу борд патеки.



Цените се дадени на ден по лице за сместување во соба според табелата, за минимум престој од 5 ноќи.    
Цените се изразени во EUR за уплати во денарска противвредност (1€=62 MKD).

Легенда:

DBL/TWIN - двокреветна соба (можен помошен кревет), SGL - еднокреветна соба, APP - апартман, Family - фамилијарна соба, SUITE – суит, Mezonette – мезонет, Bungalow – бунгалов, PV/MV - поглед на парк, SV - поглед на море,  tv - телевизор, fr - ладилник (фриждер), ac - клима уред, BB - ноќевање со појадок, HB - полупансион (појадок и вечера), AI - (all inclusive) се вклучено.