LARA FABIAN


ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:

16.ноември (сабота)          СКОПЈЕ – БЕЛГРАД
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 05:30 часот. Поаѓање за Белград во 06:00ч. Патот води преку граничниот премин Табановце со попатни одмори. Пристигнување во Белград околу пладне. Панорамски разглед на градот и слободно време за индивидуални активности. Во попладневните часови, трансфер до Белградска "Штарк арена" и концертот на популарната француска дива Lara Fabian. Планиран почеток во 20.00 часот. По завршување на концертот, заминување за Скопје околу полноќ. Попатни застанувања и одмори согласно потребите на групата и условите на патот.
 
17.ноември (недела)      БЕЛГРАД - СКОПЈЕ 
Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.

Цена на аранжманот:   
79 EUR (противвредност: 4.900,00 мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:             
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Планирана влезница за концертот на Lara Fabian
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
 
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Патничко осигурување 
         
Напомени: 
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА

 

Image result for beogradska arena koncert