Gallery image of this property Bu tesisin galeri resmi

Локација: Хотелот се наоѓа во областа Кунду, 25км од центарот на Анталија и 15км од аеродромот.
Плажа: Песочна хотелска плажа, со пешкири, чадори за сонце и лежалки кои не се наплатуваат.
Сместување: Вкупен број на соби 429. Стандардни соби 379 (26м², 2+1 лица), 29 фамилијарни соби (52м², 2+2 лица, една дневна, две спални соби, две купатила), 12 јуниор суити (33м², 2+1 лица, една спална соба со брачен кревет, софа и дел за седење, едно купатило), 5 соби за хендикепирани лица (26м², специјално дизајнирани), 1 детски суит (52м², две одвоени спални со купатило), 2 King суити (131м², една дневна соба, две спални, едно купатило со џакузи и уште едно со када) и еден Претседателски суит (213м², на најгорниот кат од хотелот, две спални, една спална за послугата, дневна со дел за ручање и дел за работа, едно купатило со џакузи и уште едно со када ). Сите соби се со поглед на море или градина, со балкон или тераса, купатило со када и фен, централна клима, телефон, мини бар (безалкохолни пијалоци, вода и пиво се дополнуваат секој ден), сеф, тепих на подот, сателитска ТВ и музички канали, интернет конекција. Гостите од King суитите и од Претседателскиот суит имаат ВИП концепт (бесплатен трансфер до аеродром, експресно пријавување и одјавување од хотелот, секојдневно дополнување на мини барот, корпа со овошје, џус, увозно пиво, кафе и чај, два пати во денот чистење на собата, цвеќе во соба, собни папучи, бањарка, пешкири за на плажа, перална, безжичен интернет).
Содржини: Jasmine-главен ресторант-шведска маса, Sunset snack bar за ужина, 6 A’la Carte ресторани: Cavalli (Италијанска кујна), Casa Mexicana (Мексиканска кујна), Canton Chinese (Кинеска кујна), Sushi Japanese (Јапонска кујна), Fes (Турска кујна), Green Fish (ресторан за морска храна), барови на различни локации околу хотелскиот комплекс, IC café, IC Cream world, Free Zone диско клуб. Телефон, факс, шопинг центар, фризер, доктор, чување деца, сервис за перење и пеглање, internet café, компјутерски игри, rent a car, се наплаќа. Отворен и затворен базен, базен за деца, лизгалици на вода, фитнес центар, сауна, Турска бања, тениски игралишта, сквош, мал фудбал, мини голф, одбојка на плажа, пикадо не се наплаќа. Спортови на вода, осветлување на тениски терени, опрема и часови по тенис, масажа, Спа и велнес центар, билијард, куглање, школа за нуркање се наплатуваат. Забавна програма преку целиот ден за возрасни и деца, натпревари покрај базенот и на плажа. Специјален шоу програм навечер кој се менува секој ден. Мини клуб за деца од 04-12 год секој ден од 10.00-22.30 ч.


ХОТЕЛ тип услуга мај јуни јули август септември
IC GREEN PALACE *****
DBL 6 HEAI од 756 од 902 од 1020 од 1120 од 991

Во цената е вклучено:
Чартер лет Скопје – Анталија – Скопје
Аеродромски такси
Хотелско сместување на дадената услуга
Трансфер аеродром – хотел – аеродром

Легенда:
DBL/TWIN - двокреветна соба (можен помошен кревет), SGL - еднокреветна соба, APP - апартман, Family - фамилијарна соба, SUITE – суит, Mezonette – мезонет, Bungalow – бунгалов, PV/MV - поглед на парк, SV - поглед на море,  tv - телевизор, fr - ладилник (фриждер), ac - клима уред, BB - ноќевање со појадок, HB - полупансион (појадок и вечера), AI - (all inclusive) се вклучено.
 

GALLERY