Image result for athens Related image


ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:

10.октомри (четврток)               СКОПЈЕ - АТИНА  
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 18:30 часот. Поаѓање кон Грција во 19:00 часот. Влез во Грција преку граничниот премин Богородица - Евзони. Ноќно возење со попатни одмори.

11.октомри (петок)                   АТИНА - АКРОПОЛ - ПЛАКА  
Пристигнување во Атина во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, стражата на Евзоните, Адриановата порта, Стариот Олимписки стадион, Зевсовиот храм, Атинската Агора, древниот Акропол, новиот Акрополски музеј... Сместување во хотел. Слободно попладне за индивидауални активности и прошетки. Вечерта, факултативна вечера во грчка таверна на Плака, со уметничка програма и специјалитети на домашната кујна. Ноќевање.

12.октомри (сабота) АТИНА - КОРИНТ - ЕПИДАУРУС - НАФПЛИОН - МИКЕНА 
Појадок. Целодневен излет на Пелопонез и областа Арголида, со посета на: Коринтскиот канал (кој ги поврзува Егејското и Јонското море), Епидаурус (најакустичниот антички амфитеатар), гратчето Нафплион (некогашната престолнина на Грција) и Микена (древниот град на митскиот крал Агамемнон). Планиран одмор со можност за ручек, како и можност за посета на работилница - продавница за сувенири од порцелан и керамика. Враќање во Атина. Ноќевање. 

13.октомри (недела)  АТИНА - ПИРЕА - ДЕЛФИ - СКОПЈЕ
Појадок. Заминување од хотелот, со попатен панорамски разглед на блиските Пиреа (најголемото пристаниште во Грција) и Глифада (најпознатото летувалиште на Атина). Патот води кон живописните предели на планината Парнас и познатиот археолошки локалитет Делфи (еден од најбогатите во Грција). Посета на остатоците од античкото светилиште, како и блискиот музеј во кој е изложена исклучителна музејска збирка. Во попладневните часови, патувањето продолжува кон Македонија со попатни одмори. Пристигнување во Скопје во вечерните часови.


Цена на аранжманот:   
149 EUR (противвредност: 9.238,00 мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:
- Превоз со автобус на наведената релација
- Туристички придружник за време на патувањето
- Сместување во хотел *** на база 2 ноќевања со појадок
- Панорамски разглед на Атина и Акропол
- Целодневен излет на Пелопонез и Арголида
- Попатна посета на локалитетот Делфи
- Организирани разгледи и посети со локален водич или придружник
- Организација на аранжманот

 
Во цената на аранжманот не е вклучено:
 
- Влезници за музеите, археолошките локалитети и културно-историските споменици
- Вечера во национален ресторан таверна на Плака (35 €)
- Туристичка такса (1,5 €) по соба од ден, наплата на рецепција во хотел
- Патничко здраствено осигуривање 
 
 
Напомени:
 
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 45 патници 
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА
- Организатор на патувањето е САВАНА