Индонезија, односно Република Индонезија, е држава која се наоѓа во југозападна Азија и е составена од околу 18.330 острови од кои 6000 се недопрени. Со над 238 милиони жители, Индонезија е четвртата најнаселена држава во светот. Индонезискиот архипелаг е важен трговски регион уште од 7 век кога империјата тргувалa со Кина и Индија. Локалните владетели постепено примиле од странските културни, религиски и политички модели и со тоа ја развивале својата држава. Историјата на Индонезија била под влијание на странските сили кои биле привлечени од природните ресурси на земјата. Прекрасната Индонезија може да се гордее со својата втора по големина шума во светот. Главните туристички атракции се наоѓаат во Џакарта, Бали, Јогјакарта Индонезија ги има сите потенцијали да стане глобален лидер, но таа е попречена од лошо образование и корупција.
                                          

                                            БАЛИ
БАЛИ е индонезиски остров и се наоѓа меѓу Јава на запад и Ломбок на исток. Ова е една од 33 покраини со главен град Денпасар на југот од островот. Бали воедно е најмалата покраина во Индонезија. Овој остров се протега на површина од 5. 780 06 км2, со околу 5,6 милјони жители. Бали е населен уште од пред 2000 г. пне. Денес  поголем број од популацијата на Бали се индонезиски хиндуси кој се малцинство во Индонезија. Бали е голем извозник, на ориз, кафе, памук и тутун и е многу позната туристичка дестинација. На територијата на Бали преовладува тропска клима. Просечната годишна температура изнесува 31 °C . Од Октомври до Април трае влажната сезона, а од Декември до Март можно е да има монсунски дождови, сувата сезона трае од Мај до Септември. Просечната температура на водата е околу 28 °C. Последните децении Бали стана една од најголемите и најпознати туристички дестинации во овој дел од светот. Секој година островот го посетуваа неколку милјони туристи од целиот свет.Бали има многу да понуди. Островот е исполнет со голем број културни и историски споменици и други знаменитости. Ова е место на голема забава. Бали има голем број на егзотични плажи кои несомнено ќе ги задоволат различните потреби на туристите (нуркање, сурфање, пливање, уживање на бел песок... ) Плажите се полни со млади луѓе од целиот свет што значи забавата нема да ви недостасува. Бали содржи автентичност која го разликува од остатокот од Индонезија и преставува прекрасна дестинација за незаборавно уживање и одмор.
 

                            МЕСТА КОИ ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ ДА ГИ ПОСЕТИТЕ >>>

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:
1 ден. Полетување од Скопје во 11:30 часот, пристигнување во Доха  18:40 часот
2 ден. Полетување од Доха во  2:45 часот  пристигнување во Денпасар во  17:30 часот
3 ден до 10 ден. Престој во избраниот хотел на база ноќевање со појадок ,  слободно време за индивидуални активности и одмор. 
11 ден. Полетување од Денпасар  за Доха во 19:00 часот, слетување во 00:20 часот
12 ден. Полетување од Доха за Скопје во 07:00 часот, пристигнување Скопје во 10:40 часот.


ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски превоз на релација  Скопје -Доха- Сејшели
- Авионски превоз на релација Денпасар - Доха -Скопје
- Сместување во одбраниот хотел на база на 9 BB (ноќевање со појадок)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

 ***Трансфери од аеродром до соодветниот хотел.
Патничко осигурување
Индивидуални трошоци

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
- Доплата за еднокреветна соба според условите на одбраниот хотел (информации во агенцијата)

НАПОМЕНИ:
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
- Цената е дадена по лице  за миниум 2 лица
- Цената зависи од моментално расположливите места на aвио компанијата, како и расположливоста по хотелите. 
- Цената може да биде променета без претходна најава, при промена на цените од страна на хотелите.