01.ден          СКОПЈЕ - АТИКА
Состанок на групата на паркингот спроти хотел “Holiday inn” во 18.30 часот. Поаѓање за Грција во 19.00. Патот води преку граничниот премин Богородица - Евзони. Ноќно возење со попатни одмори.

02.ден          АТИНА - ГЛИФАДА
Пристигнување во Атина, во утринските часови. По пристигнувањето, краток одмор до панорамски разглед на градот: плоштадите Омонија и Синтагма, Парламентот, Академијата, Библиотеката, Кралската палата, Евзоните, Адриановата порта, стариот Олимписки стадион, Зевсовиот храм, Атинската Агора, древниот Акропол, мастото Аеропаг, новиот Акрополски музеј и старата четврт Плака. Во пладневните часови заминување кон Глифада – едно од најпознатите и најголеми летувалишта на полуостровот Атика. Смествање во хотел и слободно време за одмор и индивидуални активности. Вечера. Ноќевање.

од 03. до 08.ден          ГЛИФАДА 
Денови за одмор покрај песочната плажа на Глифада со престој во хотелот на база полупансион (појадок и вечера). Можност за дополнителни активности и прошетки. Комуникација со локалните претставници на агенцијата, за користење на евентуални факултативни излети и посети во регионот на Атика, Пелопонез или островите во Сароничкиот залив.

09.ден          АТИКА - СКОПЈЕ
Напуштање на собите до 10.00 часот. Слободно време до заминување од Глифада во попладневните часови, според планираното време од програмата. Дневно и ноќно возење кон Македонија, со попатни застанувања и одмори. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови.  

термини на поаѓање

31.јули

07.август

термини на сместување

01.август

08.август

сместување и превоз

7 ПП

7 ПП

319

319

само сместување

249

249

- Термините објавени во табелата се однесуваат на деновите на поаѓање на групите и на деновите на нивниот влез во хотелот.
- Цените се однесуваат на пакет аранжман со автобуски превоз или со сопствен превоз, по лице, за сместување во двокреветна соба на база седум полупансиони (појадок и вечера). 
- Цените се изразени во EUR за уплата во денарска противвредност (1€ = 62MKD).

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО: 
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Панорамски разглед на Атина
- Сместување во хотел GALAXY *** на Глифада, на база 7 полупансиони
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:

- Доплата за трето лице (без превоз) 169 € за возрасен / 125 € за дете до 12 години
- Доплата за автобуски превоз 70 € за возрасен / 50 € за дете до 12 години
- Факултативни излети и посети за време на летувањето
- Влезници за музеи и културно-историски споменици
- Туристичко патничко осигурување 

НАПОМЕНИ: 
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници.
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА

Comments (0)

LEAVE A COMMENT


captcha
All comments have to be authorized by the website administrators for publication, so please give us some time to authorize the comment before you see it published.