ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:

01.декември (недела)          СКОПЈЕ - ЗАГРЕБ
Состанок на групата на паркингот спроти хотелот “Holiday Inn” во 00:30 часот. Поаѓање за Загреб во 01:00ч. Патот води преку граничниот премин Табановце и Србија со попатни одмори. Пристигнување во Загреб во претпладневните часови. Панорамски разглед на градот и слободно време за индивидуални активности. Во попладневните часови, трансфер до "Загребската арена" и концертот на Enrique Iglesias. Планиран почеток во 20.00 часот. По завршување на концертот, заминување за Скопје околу полноќ. Попатни застанувања и одмори согласно потребите на групата и условите на патот.
 
02.декември (понеделник)      ЗАГРЕБ - СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во претпладневните часови.

Цена на аранжманот:   
109 EUR (противвредност: 6.760,00 мкд)

Во цената на аранжманот е вклучено:             
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Планирана влезница за концертот на Enrique Iglesias
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
 
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- Патничко осигурување 
         
Напомени: 
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА

Image result for enrique iglesias koncert zagreb