Bu tesisin galeri resmi Bu tesisin galeri resmi

Положба: Хотелот е лоциран во областа Лара, 10 км од центарот на Анталија и 8 км од аеродромот.
Плажа: Хотелска приватна плажа со песок, пешкири, лежалки и чадори за сонце не се наплатуваат. Павиљони на плажа и покрај базен се со доплата.
Сместување: Вкупен број на соби 853 во четири згради. Стандардни соби Be Trendy 313(35 м², една спална со француски кревет + кревет за 1 лице + софа, едно купатило, макс. 2+2 лица), Стандардни соби BE Large 295 (42 м², една спална со француски кревет + кревет за 1 лице + софа, едно купатило, макс. 2+2 лица) , Супериор соби BE Romantic 56 (32 м² , една спална со француски кревет, едно купатило, макс. 2 лица), Супериор соби BE Delux Loft 13 (41 м² , една спална со француски кревет,едно купатило, макс. 2 лица), BE Trendy Connection rooms 20 (70 м², две стандардни соби одвоени со врата, макс. 6 + 2 лица), BE Family A rooms 110 (56 m², две одвоени спални, едната е со француски кревет а другата со два одвоени кревети, едно купатило, макс. 4+1 лице), BE Family Loft 17 (70-90м², дуплекс, еден или два француски кревети, една софа и еден или два одвоени кревети, два туша, макс. 4+1 лице), BE Family В- 3 соби (80 m², две одвоени спални, едната е со француски кревет, одвоен кревет и софа, другата со француски кревет и софа, едно купатило, макс. 3+2 лица), BE Suit -12 соби (123 м² , две спални и една дневна соба, едно купатило, макс. 4 лица), BE Royal – 4 соби ( 104 м² , дуплекс, две спални, две купатила, сауна, макс. 4 лица), BE King – 1 соба( 352 м² , две спални со француски кревети, две купатила, макс.4лица). Сите соби се со балкон, купатила опремени со туш кабини, фен, централна клима, телефон, мини бар ( вода, минерална вода, безалкохолни пијалоци и пиво секојдневно се дополнуваат), електричен бокал и сет за кафе и чај, сејф, интернет во соби со доплата, подот е покриен со ламинат, ЛЦДТВ со сателитска телевизија и музички канали.
Содржини: Главен ресторан Sunflower, шведска маса, A’la Carte ресторани – Султан – Турска кујна, Сакура – Азијска кујна, Луџиано – Италијанска кујна, Мермаид ресторан – Рибен ресторан, Јаипо – Мексиканска кујна, Атлантес – Грчка кујна, со претходна резервација, барови на различни локации во хотелскиот комплекс, White Disco бар. Доктор, перална и хемиско чистење, фризер, чување деца, телефон, факс, интернет кафе и компјутерски игри, шопинг центар се со дополнителна наплата. WI-FI во Lobby не се наплатува. Отворени базени, детски базени со лизгалици, Jacuzzi во затворениот базен, тениски игралишта, пинг понг, мини футбол, отбојка на плажа, пикадо, фитнес центар, сауна , Турска бања – не се наплатуваат. Со доплата: водени спортови, осветлување на тениски игралишта, часови по тенис, салон за убавина , SPA центар, масажа, куглана, билјард, школо за нуркање. Забавни програми преку целиот ден, натпревари и шоу програми навечер. Мини клуб за деца од 04 – 07 години, Миди клуб од 08 – 12 години, специјално диско за деца, кино, аниматорски шоу.
Услуга: Ultra All Inclusive


ХОТЕЛ тип услуга мај јуни јули август септември
DELPHIN BE GRAND *****
DBL 6 UAI од 704 од 968 од 1061 од 1163 од 1017

Во цената е вклучено:
Чартер лет Скопје – Анталија – Скопје
Аеродромски такси
Хотелско сместување на дадената услуга
Трансфер аеродром – хотел – аеродром

Легенда:
DBL/TWIN - двокреветна соба (можен помошен кревет), SGL - еднокреветна соба, APP - апартман, Family - фамилијарна соба, SUITE – суит, Mezonette – мезонет, Bungalow – бунгалов, PV/MV - поглед на парк, SV - поглед на море,  tv - телевизор, fr - ладилник (фриждер), ac - клима уред, BB - ноќевање со појадок, HB - полупансион (појадок и вечера), AI - (all inclusive) се вклучено.
 

GALLERY