Тајланд, службено кралство Тајланд е држава во Југоисточна Азија, која до 1939 година се викала кралство Сијам. На југ излегува на Тајландскиот залив, дел од Јужно кинеско море. На запад се граничи со Мијанмар, на север до Лаос, на исток со Камбоџа и на југ со Малезија.
Најголем број од населението се будисти.  Тајланд е единствена држава од тој регион која никогаш не била окупирана од страна на европските држави.
Главен и најголем град е Бангкок.
Во Тајланд превладува тропска монсунска клима. Април и мај се најтопли месеци во годината. Најпријатна клима е од ноември до фебруари кога и влажноста на воздухот е најмала. Најдобро време за престој е во периодот од ноември до март поради малите количини на врнежи на дожд и пониски температури. 
           
 
OПШТИ ИНФОРМАЦИИ:
НАСЕЛЕНИЕ: 67 милиони жители 
РЕЛИГИЈА: будисти
СЛУЖБЕН ЈАЗИК:  таи
ВАЛУТА:  тајландски бахт (THB)
ВРЕМЕНСКА РАЗЛИКА:  UTC +7
 
                                                           БАНГКОK
Бангкок е главен град на Тајланд со популација преку 11 милиони жители. Претставува еден од најпознатите азиски космополитски градови со величенствени храмови, автентични канали, раздвижени пазари и богат ноќен живот. За Бангкок може да се каже дека е многу безбеден град и доста оранизиран и претставува една од најпопуларните дестинации.
     
 
ШТО ТРЕБА ДА ВИДИТЕ ВО БАНГКОК:
• LUMPINI ПАРК - северната страна на улицата Рама IV, меѓу Ratchadamri и Vitaj улицата - најголема и најпозната зелена оаза во центарот на градот. Некогаш бил кралски имот, но Кралот Рама VII му го подарил на народот и направен е парк. Името го добил според местото во Непал Lumbini - родното место на Буда. 
• KAOSAN RAOD - некогаш бил место каде што се тргувало со ориз и затоа се вика токму така, бидејќи кaosan на тајландски значи ориз. Плоштадот ROYAL - на крстосницата на Ratchadamnoen авенијата и Si Ayutay улица. На плоштадот се наоѓаат: тајландскиот парламент (изграден во 1907, дозволено е да го посетат само еднаш во годината, втората сабота во јануари), паркот Suan Amporn и споменикот на кралот Рама V (тоа е оној европски ориентираниот) и поголемиот дел од зградите во Dusit distrikt се изградени за време на неговото владеење.
• GRAND PALACE- претставува белег на градот и најголема туристичка атракција. Таа била изградена во 1782 година кога бил основан Бангкок. Местото каде што се наоѓа палатата се нарекува островот Rattanakosin. Површина на комплексот е 1,5 км2. Оригиналната верзија е копија на Палатата од Ајутаја - старата престолнина на Тхаи. Првите пет владетели од династијата Чакри граделе палати во рамките на комплексот. Највпечатливо обележје оставил Кралот Рама V (повторно, оној 'Европјанец'). Тој ја изградил палата Pra Маха Montin која го зафаќа централно место и многу е невообичаена, бидејќи е изградена во европски стил, а покривот е сијамски. Тајланѓаните оваа зграда ја нарекуваат западњак со тајландски капа. 
Во комплексот GRAND PALACE се наоѓа и храмот на Vat Pra Kaew (ХРАМОТ НА СМАРАГДНИОТ БУДА), кој претставува најголемо и најважно светилиште во целиот Тајланд. Во него се наоѓа статуата на Буда направена од зелен смарагд што Кралот Рама I го донел од Виентиан, главниот град на Лаос, кога го освоил ви 1778 година како симбол на повторно освоената големата област на Сијам. 
• WAT PO храмот - се наоѓа веднаш зад GRAND PALACE, во улицата Chetupon. Храмот е постар од Бангкок, па така тој е најстариот храм во градот. Изграден е во 17 век. Храмот е познат по позлатена статуа на Буда кој лежи (долга е 150 м и висока 50 м), изграден од страна на кралот Рама III 1832 година. Храмот е познат како центар за учење на тајландски масажа и традиционална тајландска медицина. 
• Храмот WAT ARUN - е заштитен знак на Тајланд, на сите фотографии кои ја претставуваат оваа земја задолжително се наоѓа и овој храм. Се наоѓа на западниот брег на Cao Praya, на местото каде се пресекуваат улиците Аrun Amarin и Vang Doem. Архитектонскиот стил на овој храм е многу посебен, бидејќи претставува мешавина на кмерската и тајландската култура. Целиот храм е украсен со кинески порцелан и керамички плочки, што му дава дополнителна живописност. 
• Храм WAT BENDZAMABOPIT -МЕРМЕРНИОТ ХРАМ на улицата на Рама V, еден од најубавите храмови во Бангкок. Изграден е од страна на Кралот Рама III во 1826 година. Денешниот изглед го има благодарение на Кралот Рама V и неговото име буквално значи Храмот на петтиот крал.
• ХРАМОТ INDRAVIHARN- се наоѓа во улицата Visut Kasat. Познат по статуата на Буда висока 32 метри. Можете да се искачите по скалите до рамото на Буда - убав поглед на градот!
• Храмот WAT TREJMIT- се наоѓа во кинескиот кварт во илицата Trejmit. Исто така познат е како Храмот на Златниот Буда. Во него се наоѓа една од најголемите статуи на Буда изработена од злато (проценетата вредност е 14 милиони долари). Една од најголемите туристички атракции во градот. Статуата датира од 13 век од тогашната престолнина на Тајланд, Sukotai. Кралот Рама III ја донел во Бангкок.
• ЏИНОВСКА НИШАЛКА- со традиционална црвена кинески рамка. Се наоѓа пред храмот VAT SUTAT (најголемиот храм во Бангкок, зафаќа површина од 4,5 км2) во Ti Tong улицата.
• ПАЗАРОТ CATUCAK - со површина од 1,5 км 2 и 15.000 тезги е еден од најголемите пазари во светот.
• DAMNEON SADUK - ПАЗАР НА ВОДА - 101 км оддалечен од Бангкок, се наоѓа во Rachab.
                                                         ПУКЕТ
Пукет е најголемиот остров на Тајланд и најубавиот остров на Андаманско море. Ќе ве воодушеват преубавите песочни плажи, бујна вегетација, тиркизно море и насмевка на домаќините. Пукет има површина од 550 км 2 и е оддалечен од Бангкок околу 900 км.
На север островот е поврзан со копното со мост долг 700 метри. Има околу 700.000 жители, воглавно Кинези кои доагале да работат во рудниците за калај.
Пукет има богата историја која најдобро ќе се запознае ако се посети Стариот град.
        
 ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:
1 ден.              СКОПЈЕ
Полетување од Скопје кон Дубаи 13:35 часот, пристигнување во 20:35 часот. Полетување од Дубаи за Бангкок во 23:20 часот.
2-3 ден.        БАНГКОК
Пристигнување во Бангкок во 9:00 часот.
Прошетка по најубавите будистички храмови и палати на овој град (помеѓу останатите и Wat Po најголемиот храм во Бангкок со прочуената златна статуа на Буда), возење со небесниот воз (sky train), крстарење по Chao Phraya и уживање во специјалитеите на тајландската кујна. Се разбира неизбежна е и една од најпознатите традиционални масажи Thai масажа. Навечер се запознаваме со возбудливиот ноќен живот кој го нуди оваа метропола.
4-11 ден.         ПУКЕТ
Внатрешен лет од Бангкок до најубавиот остров Пукет. Сместување и бескрајно уживање на преубавите, тропски песочни плажи.  Можност да се посетат околните острови, познатиот Phi Phi, островот на Џејмс Бонд.
12 ден.      ПУКЕТ - СКОПЈЕ
Лет од Пукет кон Дубаи во 00:10 часот,пристигнување во Дубаи во 03: 05 часот. Полетување од Дуваи кон Скопје во 09:00 часот, пристигнување во Скопје 12: 35 часот.     
 
Цените се изразени во ЕUR за уплата во денарска противвредност (1 EUR=62 MKD)
 
ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Авионски билет Скопје -Дубаи- Банкок 
- Авионски билет Бангкок - Пукет
- Сместување во соодветниот хотел според табелата во Бангкок, 2 ноќевања со појадок
- Сместување во соодветниот хотел според табелата во Пукет, 8 ноќевања со појадок

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Трансфери од аеродром до соодветниот хотел
- Влезна виза за Тајланд 110  €
- Патничко осигурување
- Индивидуални трошоци

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
- Доплата за еднокреветна соба според условите на одбраниот хотел (информации во агенцијата)
 
НАПОМЕНИ: 
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ
- Цената е дадена за миниум 2 лица

Цената зависи од моментално расположливите места на aвио компанијата, како и расположливоста по хотелите. 
Цената може да биде променета без претходна најава, при промена на цените од страна на хотелите.