Gallery image of this property Gallery image of this property

Локација: Хотелот се наоѓа во областа Лара, 12км од аеродромот во Анталија и на 12 км од центарот на Анталија.
Сместување: Сите соби се со купатило со туш кабини, фен, клима сплит систем, телефон, мини бар, (со вода, безалкохолни пијалоци и пиво се надополнува секојдневно), електричен бокал со сет за кафе и чај, сеф (се наплаќа), ламинат на подот, сателитска ТВ и музички канали, WI-FI интернет конекција (бесплатно), балкон.
Услуга: UAI – Ултра Се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, ужини во текот на денот и во вечерните часови, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед во одредени часови од денот.
Во цената не е вклучено: специални увозни пијалоци, флаширани пијалоци, специјални вина, увозни вина, свежо цедени сокови, услуга во соба, A’la Carte ресторани со претходна резервација.
Плажа: Хотелска плажа со песок и камчиња, на 350м од хотелот (се преминува преку улица). Лежалки на плажа, чадори за сонце и пешкири за на плажа се бесплатни. Бесплатен превоз од хотел до плажа на секои 15 мин.
Содржини: Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани: Mozaik-Турски, La Perla- Италијански, Missina- рибен и Mandarin-Кинески ресторани, барови низ целиот хотелски комплекс. Доктор, чување деца, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, продавници, rent a car, дополнително се наплаќаат. Бесплатен Wi-Fi интернет во хотел и во собите.
Спорт и забава: Отворени и затворени базени за возрасни и деца, Аква парк со девет лизгалици, тениски игралишта, турска бања, парна бања, сауна, кошарка, одбојка на плажа, пикадо, пинг понг, фитнес центар. Во цената не е вклучено: спортови на вода, билијард, опрема и часови за тенис, сите видови на масажа и третмани во Спа центарот, забавен парк. Забавни програми со анимациски тим преку ден и во вечерните часови.  Мини клуб за деца од 3 до 12 години.


 

ХОТЕЛ тип услуга мај јуни јули август септември
ASKA LARA *****
DBL 6 UAI од 465 од 750 од 830 од 883 од 668

 


 

Во цената е вклучено:
Чартер лет Скопје – Анталија – Скопје
Аеродромски такси
Хотелско сместување – услуга: Ultra All Inclusive
Трансфер аеродром – хотел – аеродром

GALLERY