Си работел премногу овој период
Преминот од зима кон пролет е секогаш примамлив, од затворената атмосфера н нашите домови и работни места наеднаш гледаме како целата природа надвор се буди. Зимата е погодно време да се посветиш на работата, но моментот кога настапува пролетта, секогаш ти се раѓа желбата за авантура!
Вистински можеш да земеш здив доколку убавото и пријатно пролетно време го искористиш на некое патување. Велигденските патувања се секогаш во форма на кратка авантура во некоја позната европска метропола или во некоја одлична медитеранска земја. 


Има поволни понуди
Велигден е период кога секогаш се буди многу интерес, а тоа значи дека од многуте понуди сигурно ќе најдете нешто и за вас! Понекогаш мислиме дека нема да најдеме соодветно место за патување, посебно за овој период, но вистинските авантуристи се истрајни во својата потреба да ја задоволат својата зависност од шетање, разгледување и истражување на нови и некогаш непознати средини. Поволностите како раните резервации, долгото планирање, распрашување околу местото каде што планирате да одите секогаш се во игра за Велигден. 4-5 дена се помал период од еден класичен одмор и затоа гледате да ги поминете најповолно колку можете.

Патувањата ги подобруваат вашите односи
Патувањето ја зголемува својата убавина ако е направено со некој друг. Тогаш тоа е споделено искуство. Искуство кое може да ве изгради и двајцата или повеќето ако решите да поминете време заедно како семејство. Понекогаш така настрана можеме да осознаеме работи за нашите најблиски кои не сме ги знаеле до тогаш. Од самото искуство вие може да испаднете со појака врска, зацврстено семејство или подобар однос со вашите деца. Патувањата направени со луѓе кои ни значат можат да бидат вистински поуки.

Долго време не си отпатувал некаде
За просечниот човек одморот е нешто што се случува од лето до лето. Додека да дојде Велигден се поминати дури 10 месеци каде што нема никаква патувачка активност и човечкото битие атрофира во физичките и духовните мускули, затоа што нив им треба физичка и ментална активност за да бидат спремни пак да се вратат на работа. Велигден е совршен период кога може пак да се наполнат батериите. 
Не треба да чекате да се преморите или преработите за да барате одмор, планирајте и размислувајте секогаш пред да дојде наредната сезона, било да е зимска, летна или празнична. Велигден е крајно време да се отпатува некаде!


Ќе ви ги прошири хоризонтите
Секое патување ве прави поголем човек. Како што рекол Августин, светот е книга, а оние кои не патуваат читаат само една страница. Прочитувањето на целата книга значи и да го отвориме нашиот ум кон нови и несекојдневни искуства кои можат само да не облагородат и да не натераат да се почувствуваме повеќе како во допир со себе си и нашата душа. Секој судир со нова култура не прави поинформирани и поразбрани за светот околу нас. Велигден е момент кога ние сме во едно смирено духовно искуство, а да се судриме со нешто непознато секогаш би бил предизвик, кој не би не оставил рамнодушни откако ќе го искусиме.