РОДОС

Родос е најголемиот од островите на Додеканезите и во поглед на копнена површина и на население.  Главен град на островот и седиште на општината е Родос. 
Островот се наоѓа североисточно од Крит, југоисточно од Атина, и веднаш зад анадолискиот брег на Турција. Островот е познат и како „Витешки остров“ според Витезите Болничари, кој некогаш владееле со островот.
Историски гледано, Родос бил познат во целиот свет поради Колосот, едно од Седумте светски чуда на античкиот свет. Средновековниот стар град Родос е прогласен за светско културно наследство. Денес, островот е еден од најпопуларните туристички дестинации во Европа.  
Островот ужива во медитеранска клима која идеално влијае на вегетацијата. Родос има околу 300 сончеви денови со просечна температура од околу 25 ° C, од април до октомври.

Image result for rhodes Image result for rhodes


ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:

1 ден: Полетување од Солун во 18:50 часот, пристигнување во Родос во 20:10 часот. По пристигнувањето, трансфер до избраниот хотел од табелата и сместување.

2 – 6 ден: Престој во избраниот хотел на база на избраната услуга. Слободно време за индивидуални активности, одмор или некои факултативни излети. 

7 ден: Одјавување и напуштање на собите до 12 часот според хотелските правила. Слободно време до организираниот трансфер до аеродромот во Родос . Полетување во 20:00 часот , слетување во Солун во 22:20.



* КОНКРЕТНИ ИНФОРМАЦИИ И КАЛКУЛАЦИИ ЗА ДЕЦА И ДОПЛАТИ ПОБАРАЈТЕ ВО НАШАТА АГЕНЦИЈА              (тел. 3 115 826, info@savana.com.mk)

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
- Авионски билет Солун – Родос – Солун и аеродромски такси
- Сместување во избраниот хотел на база на избраната услуга
- Трансфер аеродром – хотел - аеродром 

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Превоз Скопје – Солун
- Задоложително патничко осигурување
- Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии
* Паркинг во близина на Аеродромот во Солун (7 дена = 17 €) - информации во агенција


ПЛАЖИ КОИ ВИ ПРЕПОРАЧУВАМЕ ДА ГИ ПОСЕТИТЕ: 

LADIKO - оваа плажа е оддалечена 15 км од градот Родос

TRAGANOU - се наоѓа на 17 километри од градот Родос. На влезот на морето има импресивна пештера за сите љубители на нуркање.

Tsambika - една од најпопуларните плажи на островот која се наоѓа 30 км од градот Родос.

LINDOS - најубавата песочна плажа на островот се наоѓа под Акропол, 49 км од градот. Родосаналази 

SAINT PAUL’S - се наоѓа 52 км од градот Родос, јужно од Акрополот на Линдос

IALYSOS
- се наоѓа на 8 километри од градот Родос и е многу популарна кај сурферите поради  брановите

Плажите се претежно песочни со мали камчиња. Морето е исклучително чисто.