МАКАРСКА

VILLA JOVIC

VILLA JOVIC

...

VILLA JELAS

VILLA JELAS

...

VILLA SELAK

VILLA SELAK

...

VILLA MATIJASEVIC

VILLA MATIJASEVIC

...

VILLA STIPE

VILLA STIPE

...

АПАРТМАНИ

АПАРТМАНИ

...



  

МАКАРСКА

(пакет аранжман 9 ноќевања со превоз)

Mагичната привлечност на хрватското приморје доживува кулминација во неговиот најживописен дел - Далмација.Оваа туристичка мека, доволно позната на македонскиот пазар од времето на заедничката држава и денес изобилува со квалитети кои ќе Ве остават без зборови. Синилото на Јадранското Море, автентичните приморски градови, богатиот ноќен живот, морските специјалитети и прекрасните плажи се само дел од долгата листа адути на Далмација повеќе.


ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:
01.ден         СКОПЈЕ – МАКАРСКА

Состанок на групата во 16:30 часот на паркингот пред хотел "Holiday Inn", заминување за Хрватска во 17:00 ч. Патот води преку граничниот премин Блаце со Косово, Албанија и Црна Гора. Дневно и ноќно возење со попатни одмори.

02.ден         МАКАРСКА
Пристигнување во Макарска во претпладневните часови. Попладне, сместување во собите и слободно време за одмор, релаксација и запознавање со летувалиштето. Ноќевање.

од 03. до 10.ден         МАКАРСКА
Денови за одмор со престој во соби (со сопствена бања) или студија (со тоалет и кујна) во приватни куќи, на база ноќевање или полупансион (со исхрана во ресторан). Комуникација со локалните представници за евентуални дополнителни услуги, факултативни излети и посети.

11.ден         МАКАРСКА – СКОПЈЕ
Напуштање на собите (до 10:00 часот). Заминување од Макарска во попладневните часови (во 16:00ч.). Дневно и ноќно возење со попатни одмори. Патот води преку Црна Гора, Албанија и Косово.

12.ден         СКОПЈЕ
Пристигнување во Македонија во претпладневните часови.




ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
- Трето возрасно лице на дополнителен кревет: -15%.
- Дете 2-12 години на дополнителен кревет: -25%.
- Дете 0-2 години: бесплатно
- Попустите за деца и за трето лице, важат при сместување во соба со две возрасни лица
Доплата за 9 полупансиони (појадок и вечера) во ресторан 130 EUR (со резервација)
- Употреба на клима уред, се доплатува во објектот (каде што е достапно)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во двокреветни соби (со сопствен тоалет) или студио (со тоалет и кујна) на база 9 ноќевања 
- Употреба на заедничка кујна е вклучена во цена на собите (не важи за собите во Villa Matijasevic)
- Организација и реализација на аранжманот

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Туристичка такса: 9 EUR по лице,   4,5 EUR за лица од 12-18 год. и бесплатно за деца до 12 год.
- Задолжителна полиса за патничко осигурување (препорачуваме - полиса без франшиза)

ЗАБЕЛЕШКИ: 
- За патување со сопствен превоз цената се намалува за 30 EUR по лице
- Само превоз (автобус)  90 €  (за деца 2-12год  45 €) 
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА


Автобуски превоз за МАКАРСКА, според следните термини:

Место и време на поаѓање
:
Скопје   17:00 h  (паркинг спроти хотелот "Holiday Inn")
Поаѓање од Хрватска:  следниот ден попладне

Превоз со конекција од следните градови:
Куманово  15:30 h (БП Макпетрол, автобуска станица)
Тетово  15:30 h (кружен тек кај Дом на култура)
Гостивар  14:45 h (паркинг кај Дом на култура)
Кичево  13:45 h (БП Пуцко петрол, спроти ТА Меридијан)
Струга  12:45 h (хотел Дрим, трафики)
Охрид 12:45 h (БП Лукоил, кај автобуска станица)
Велес       15:30 h (бензиска пумпа, мотел Македонија)
Кочани  14:00 h (БП Макпетрол, кај Основен суд)
Штип 14:45 h (паркинг пред пошта)
Радовиш  14:00 h (БП Макпетрол)
Струмица  13:30 h (паркинг пред Тинекс)
Неготино  14:45 h (БП Пуцко петрол, спроти ТА Меридијан)
Кавадарци14:30 h (паркинг кај гранична полиција)
Прилеп 13:15 h (БП Лукоил)
Битола 12:30 h (паркинг кај спортска сала)
Ресен 11:30 h (спроти автобуска станица)
Доплата за конекција - 10 € по патник