ЕГИПЕТ

ЕГИПЕТ

ЕГИПЕТ

...

ХУРГАДА

ХУРГАДА

...
ИЗЛЕТИ

ИЗЛЕТИ

...

Египет е северноафриканска држава која последните децении доживува вистинска експанзија како туристичка дестинација. Лоциран е во североисточниот дел на континентот, се граничи со Либија, Судан, Израел, Гиза, и излегува на Средоземното и Црвеното море. Географски доминираат реката Нил со плодната зелена долина, како и источните и западните пустини. Престолнината на Египет е Каиро - најголемиот град на Африка, современа метропола со многубројни контрасти, од ексклузивни владини згради, палати, модерни објекти на најпознатите светски хотели, клубови, барови, бродови, ексклузивни ресторани долж брегот на реката Нил со три преубави острови, трговски центри, продавници, голф клубови...  до неурбанизирани квартови, руинирани згради, еднолични бои на пустината, шарени улични тезги.
Покрај многуте културно- историски атракции, Египет е дестинација со прекрасни летувалишта од кои најпознати се Хургада и Шарм Ел Шеик
(повеќе...)
Image result for HURGHADA Image result for hurghada egypt


ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕ:

1. ден    СКОПЈЕ – ХУРГАДА
Состанок на групата на аеродромот во Скопје 2 часа пред предвиденото време за лет. Директен лет за Хургада. Пристигнување на аеродромот во Хургада во утринските часови. Средба со претставниците на агенцијата и трансфер со автобус до резервираниот хотел. Превземање и сместување во собите според хотелски правила (по 14:00 часот).

од 2 до 6/9/10/13. ден     ХУРГАДА 
Денови за одмор и уживање во убавините на Црвеното Море со престој во хотели (со услуги по сопствен избор од каталогот) лоцирани во туристичките хотелски зони на Хургада. Можност за факултативни екскурзии во организација на локалната партнер агенцијата (крстарење со брод; нуркање; пустинско сафари; посета на Луксор и / или Каиро, итн...).

7/10/11/14. ден   ХУРГАДА – СКОПЈЕ
Одјавување и напуштање на собите до пладне, односно според правилата на хотелот по што завршуваат хотелските пансионски услуги. Слободно време за индивидуални активности до заминување на аеродромот во Хургада во вечерните часови. Предавање на багажот  два часа пред полетување. Директен лет за Скопје. Пристигнување во Скопје во раните утрински часови (нраеднит ден).


ТЕРМИНИ НА АВИОНСКИ ЛЕТОВИ


РАСПОРЕД НА ЧАРТЕР ЛЕТОВИ СО АВИОКОМПАНИЈАТА "AMC AIRLINES (ПОНЕДЕЛНИК & ПЕТОК)

Летови во ПОНЕДЕЛНИК
Поаѓање од СКОПЈЕ   06:20 / 07:30 часот (AMC Airlines / 
AL MASRIA)
Пристигнување во Хургада    09:25 часот
Враќање од Хургада  02:01 часот (AMV 1257)
Пристигнување во Скопје      05:20 часот 
Летови во ПЕТОК
Поаѓање од СКОПЈЕ   06:20 часот (AMV 5358)
Пристигнување во Хургада     09:25 часот

Враќање од Хургада   02:01 часот (AMV 5357)
Пристигнување во Скопје       05:20 часот 

*** Времињата на летови може да претрпат промени и истите мора да се проверат пред поаѓање.


>>> ХУРГАДА - КОМПЛЕТНА ПОНУДА НА ХОТЕЛИ <<<


ВО ЦЕНАТА Е ВКЛУЧЕНО:
* 6, 9, 10 или 13 ноќевања на база наведената услуга.
* Авионска карта на релација Скопје – Хургада – Скопје со можност за чекиран багаж
* Организиран трансфер аеродром – хотел – аеродром во Хургада* Организација на аранжманот

ВО ЦЕНАТА НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
* Аеродромски и административни такси во износ од 80 еур (25еур за бебе до 1.99 год)
* Патничко здравствено осигурување
* Влезна виза за Египет – за МК пасоши се добива на лице место по пристигнување, потребни се 25усд, хотелска резервација и пасош со важност од минимум 6месеци.
* Хотелски услуги после одјавување на собите (*** хотелот има право да ги прекине All Inclusive услугите по времето предвидено за одјавување)
* Факултативни екскурзии и други индивидуални трошоци.

- За резервација потребна е нерефундабилна уплата од 30% од вкупната цена, а до завршување на валидноста на актуелните ценовници треба да се затвори мин 50% од износот. Целосна доплата на аранжманот најдоцна 10 дена пред почетокот на аранжманските услуги.   Препорачуваме да ги проверите сатниците на полетување 24 часа пред објавеното – планирано време на полетување. Сите сатници-времиња во табелите се дадени во локално време. Организаторот не прифаќа одговорност за промени во сатниците кои се резултат на промени во редот на летање на
 авиопревозникот, или доколку истите настанат од причини кои не можат да се предвидат. Евентуалното пристигнување во хотелот по полноќ или во раните утрински часови се смета за реализирана услуга. За можните спорови ќе се применува важечката регулатива во авио сообраќајот. “


НАПОМЕНИ:

* Доколку не се оствари минималниот број на патници,организаторот го задржува правото да го откаже или да ја зголеми цената на аранжманот како и цените на факултативните излети.
* Организаторот на патувањето го задржува правото, во случај на промена на монетарниот пазар или промена на цените на сместувањето или на превозот, да ја промени и цената на аранжманот или да воведе задолжителна доплата.
* Краен рок за отказ на аранжманот од страна на организаторот е 7 дена пред патувањето.
* Цените се однесуваат за сместување во стандардни соби. Поглед на море / базен / град… организаторот не може да гарантира, со исклучок во случаи кога постои доплата со која патникот си обезбедува поглед специфициран во ценовникот.
* Категоризацијата на хотелите е врз основа на категориите во договорот помеѓу организаторот на патувањето и локалниот партнер. Во случај на ненајавена промена организаторот не сноси одговорност. Видот и квалитетот на храната зависат од категоријата на хотелот и организаторот нема влијание на истата. Распределбата на соби во хотелот врши исклучиво рецепцијата по пристигнување во хотелот. Организаторот не може да влијае на спратот, позицијата на собата или големината на креветите, освен во случај кога се однапред дефинирани / објавени, или има доплата за истите.
* Помошните кревети се речиси секогаш со помали димензии од стандардните кревети. Некои од хотелите не нудат можност за дополнителен лежај/кревет (најчесто кога децата имаат бесплатно сместување), и во истите децата го делат лежајот со возрасните патници.
* За сместувањето на патниците задолжен е придружникот / представникот на групата. Еден хотелски ден како и услугите во истиот се смета од 14:00 час од денот на важоста на аранжманот, најдоцна до 12:00 часот на пладне на последниот ден на аранжманот, без разлика кога (во зависност од саатниците на летот, на кои организаторот не може да влијае) гостинот ќе влезе / излезе од хотелот. Секое користење на собите и услугите во хотелот, првиот ден пред 14:00 час / последниот ден по 12:00 час се подлежни на дополнителни трошоци кои ги наплаќа хотелот. За периодот од напуштањето на собите до моментот за трансфер до аеродром, секогаш се обезбедува простор за складирање на багажот.
* Организаторот го задржува правото на промени во програмата кои се однесуваат на распоредот на одредени содржини поради објективни околности.
* ФАКУЛТАТИВНИТЕ ИЗЛЕТИ не се составен дел на програмата за патување и претставуваат засебен договор помеќу патникот и организаторот на излетите – локалната агенција. Во деновите кога се организираат излети патниците може да се обратат на рецепцијата во сместувачкиот капацитет ланч пакет или ладен оброк.

*** Попустите за ран букинг (“Early Booking”) имаат валидност за резервации направени до и заклучно со датумот означен во табуларните ценовници. Истите не може да бидат комбинирани со други попусти и промоции. ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА ПОТРЕБНА Е УПЛАТА ОД МИН. 50% ОД ВКУПНАТА СУМА НА АРАНЖМАНОТ. Сите резервации направени по предвидените датуми за рано букирање ке бидат наплатени по редовни, или ревидирани услови и цени актуелни во периодот на резервирање. Промени во резервации направени во предрезервацискиот период не се дозволени. Во случај на промена на веќе потврдена резервацијка (имиња/број на патници, хотел, термин, итн) цената на програмата ќе биде калкулирана редовно, без попустот за рано букирање, односно според цените актуелни во периодот кога се врши промената. Целосна доплата на аранжман резервиран во “Early Booking” период може да се разликува од стандардниот рок дефиниран погоре (14 дена пред поаѓање).***

* ВАЛИДНОСТ НА ПАСОШОТ ДА БИДЕ МИНИМУМ 6 МЕСЕЦИ ОД ДАТУМОТ НА ПРИСТИГНУВАЊЕ
* ЗАДОЛЖИТЕЛНО ДВА ДЕНА ПРЕД ПОЛЕТУВАЊЕ ДА СЕ ПРОВЕРИ ТОЧНОТО ВРЕМЕ НА ПОЛЕТУВАЊЕ НА АВИОНОТ ОД СКОПЈЕ


ПРИЧИНИ ПОВЕЌЕ ЗА ДА ЈА ПОСЕТИТЕ ХУРГАДА...

8 причини зошто Хургада е вашата следна дестинација...?!

Одмор за трагачи по адреналин и авантури...


Шест прошетки што не смеете да ги пропуштите во Хургада...

 

Скриените богатства на Египет