ВИЗИ

Тајландска виза

Потребни документи:

– Важечки пасош – најмалку 6 месеци по враќањето
– формулар
– 1 фотографија со бела позадина
– авио билет
– резервација од хотел или покана

Виза за Мароко

Потребни документи:

  • Важечки пасош – најмалку 6 м. по враќањето и фотокопија
  • фотокопија од лична карта
  • 3 фотографии,
  • Покана,
  • Потврда од работа,
  • Резервација на авиобилет,
  • Потврда од банка за обезбедени парични средства (мин. 50 еур за лице на ден)
  • Патничко осигурување
  • Процедура до 10 работни денови
  •        Виза за Индија

  •           Потребни документи за туристичка виза:india-flag-a4

                 – Важечки пасош – најмалку 6 м. по враќањето,
                 – 2 фотографии,
                 – Хотелска резервација,
                 – Потврда од работа,
                 – Резервација на авиобилет,
                 – Патничко осигурување
                 – Процедура од 7 до 14 работни денови

    Јужно Афричка Виза

    Потребни документи:

    • Важечки пасош – најмалку 6 м. по враќањето,
    • 2 фотографии,
    • Покана од ЈАР
    • Потврда од работа
    • Резервација на авиобилет,
    • Патничко осигурување
    • Процедура до 10 работни денови

Австралиска виза

Потребни документи:

ОД АВСТРАЛИЈА (ОД ГАРАНТОРОТ)
– Гаранција за туристичка посета ( STATUTORY DECLARATION) во која се гарантира вашето сместување, финансиската помош, трошоците за (евентуално) лекување и изјава дека ќе ја напуштите Австралија пред истекот на визата.
– Фотокопија од државјанство или од Австралиската постојана виза на гаранторот
– Изводи од банка ( further evidence of founds или evidence of access to funds)

ОД МАКЕДОНИЈА (ОД АПЛИКАНТОТ)
– Потврда за уплата на таксата за обработка на молбата, која изнесува 160 Евра
– Своерачно потпишан пасош, важечки за целиот планиран престој во Австралија
– 4 фотографии
– 1 формулар
– Извод од родени не постар од 4 недели (преведен на англиски)
– За лица кои се во брак, да се достави венчаница не постара од 4 недели
– Потврда за примања за последните 3 месеци
– потврда за должината на работниот стаж и висината на месечните примања и изјава дека продолжува со работа по враќањето од Австралија.
– Доказ за посредување на одредени недвижности
– Ако сте сопственик на фирма, евиденција за регистрација на фирмата
– Ако сте пензионер, чек од последната пензија
– Ако сте ученик/ студент потврда од училиште/ факултетдека сте редовен ученик/студент, дека е одобрено отсуство од наставата. За студенти и индекс (оригинал)
– За деца под 18 г. старост кои патуваат сами или со еден од родителите, потребна е согласност од двајцата родители потпишани лично.
– Ако вашиот брачен другар е во работен однос, доказ за висината на неговите месечни примања
– За лица постари од 70 години се доставува потврда од матичен лекар дека лицето е способно за патување
– Здравствено патничко осигурување
– Ако посетувате близок роднина (родител, брат, сестра…) се доставуваат и нивните изводи на родени – оригинал
– Резервација за повратен авио билет
Времетраење на постапката за добивање на виза: 3 недели – 5 недели.
Сите приложени документи треба да бидат во оригинали или заверени фотокопии и документите кои не се на англиски јазик треба да се приложат со оверен превод.
Документите се поднесуваат во Амбасадата во Белград.