АПСОЛВЕНТСКИ

 ГОЛЕМА ЕВРОПСКА ТУРА
Термини: 05.04 – 22.04.2018 / 26.04 – 13.05.2018

     
01. ден (05.04 /26.04) СКОПЈЕ – ВЕНЕЦИЈА 
Состанок на групата во 09:15 на паркингот спроти Холидеј Инн. Во 10:00 поаѓање се вози преку граничниот премин Табановце. Србија, Хрватска, Словенија. Ноќно возење со попатни паузи.

02. ден (06.04 /27.04) ВЕНЕЦИЈА 
Пристигнување во Пунта Сабиони во претпладневните часови. Превоз со брод “вапорето” до Венеција, разглед на градот: плоштадот и црквата Св.Марко, Мостот на воздишките, Дуждевата палата, Прокуратите, Мостот Риалто, Каналот Гранде... Слободно време за индивидуални прошетки и разгледи. Враќање во Пунта Сабиони. Сместување во хотел во Лидо Ди Јесоло.  Ноќевање.

03. ден (07.04 /28.04) ВЕНЕЦИЈА – ВЕРОНА – ФИРЕНЦА – РИМ
Појадок. Поаѓање за Верона. Разглед на Верона - градот на Ромео и Јулија: започнува на плоштадот Бра каде се наоѓа надалеку познатата Арена, потоа следи прошетка по познатата улица Mazzini која низ центарот на градот води директно до плоштадот Ербе. Разглед на плоштадот “Dei Signori” каде се наоѓа статуата на Данте, а потоа се упатуваме во дворот на куќата на Јулија каде ќе можете да се фотографирате со статуата на Јулија... Патувањето продложува кон Фиренца – центарот на ренесансата. Разглед на прекрасниот град: палатата и мостот Векио, катедралата Санта Мариа Дел Фjоре со познатата купола на Брунелески, крстилницата Сан Џовани, плоштадот дела Сињориа... Слободно време до продолжување на патувањето за Рим. Пристигнување во Рим во доцните ноќни часови. Сместување во хотел. Ноќевање.

04. ден (08.04 /29.04) РИМ 
Појадок. Трансфер со јавен превоз до центарот на Рим, панорамски разглед: Колосеумот, Римскиот форум, Piazza Venezia, Fontana di Trevi, Шпанските скали, Panteon, Piazza San Pietro, Basilica San Pietro… Факултативна посета на Ватикан. Слободно време за индивидуални активности. Во вечерните часови заминување за Ница. Ноќно возење со попатни одмори. 

05. ден (09.04 /30.04) КАН - НИЦА
Пристигнување во Кан. Разглед на Кан, прошетка низ монденското шеталиште La Croissette, познатата филмска палата, ексклузивниот хотел Карлтон - каде престојуваат ѕвездите на Канскиот филмски фестивал, бројните луксузни продавници.... Заминување за Ница. Разглед на Ница: Шеталиштето на англичаните: „Promenade des Anglais, хотелот Negresco, плоштадот Massena... Сместување во хотел. Ноќевање.

06. ден (10.04 /01.05) НИЦА - МОНАКО - МОНТЕ КАРЛО
Појадок. Слободно претпладне. Заминување кон кнежевството Монако. Разглед на една од најмалите држави на светот: палатата Грималди, Катедралата, Океанографскиот музеј, Ботаничката градина, црквата Св. Никола... Посета на Монте Карло, патеките на Формула 1, хотелот De Paris, прошетка низ убавите паркови и секако славните коцкарници на Монте Карло. Околу полноќ патот продолжува кон Шпанија. Ноќно возење со попатни одмори.

07. ден (10.04 /01.05) ЛОРЕТ ДЕ МАР
Пристигнување во утринските часови во познатиот туристички центар на крајбрежјето на Коста Брава – Лорет де Мар (на само 75 км. од Барселона). Сместување во хотел на база полни пансиони (појадок, ручек и вечера). Попладне предвидено за одмор, сончање и капење на прекрасните песочни плажи. Вечера. После вечерата посета на дискотека. Ноќевање.

08. ден (11.04 /02.05) ЛОРЕТ ДЕ МАР - БАРСЕЛОНА
Појадок. Заминување за Барселона, панорамски разглед на градот: плоштадите Каталонија и Шпанија, авенијата Рамблас, катедралата Еулалија, катедралата Саграда Фамилија, Шпанското село, ридот Монт Жуик, стадионот на FC Barcelona и неверојатниот гифт шоп во Cump Nou, Спортската Палата, Аквариумот... Слободно време за индивидуални прошетки и ручек (обезбеден „ланч-пакет“ од хотелот). Враќање во Лорет де Мар во вечерните часови. Вечера во хотелот. Навечер, факултативна посета на вечерен клуб со уметничка програма на „Фламенко“ и дегустација на познатата „Сангрија“. Околу полноќ, посета на некој од познатите диско-клубови. Ноќевање.

09. ден (12.04 /03.05) ЛОРЕТ ДЕ МАР
Појадок. Факултативна посета на Фигуерес - родното место на големиот сликар Салвадор Дали. Можност да се посети познатиот музеј на Салвадор Дали и Гала, и Емпуриа Брава позната како “шпанска Венеција“. Обезбеден ручек („ланч-пакет“) за корисниците на факултативниот излет. По враќање во Лорет Де Мар, вечера во хотелот. Навечер, факултативна посета на атрактивната програма “Витешки игри“, околу полноќ, можност за посета на познатите диско-клубови. Ноќевање.

10. ден (13.04 /04.05) ЛОРЕТ ДЕ МАР – ПАРИЗ
Појадок. Одјавување од хотел. Слободен ден за уживање на плажа или можност за факултативен излет до Барселона. За да ги посетите паркот Гуел, музејот на Пикасо, Бари Готико или едноставно шопинг низ Барселона. Во вечерните часови, поаѓање за Париз. Ноќно возење со попатни одмори.

11. ден (14.04 /05.05) ПАРИЗ 
Пристигнување во Париз во утринските часови. Панорамски разглед на градот: плоштадите Република, Бастиља и Конкорд... Катедралата Нотр Дам, Латинската четврт, Домот на инвалидите, Ајфеловата кула, Триумфалната порта, музејот Лувр.... Сместување во хотел и слободно време за одмор. Попладне, прошетка низ Париз со јавен превоз-метро и факултативна посета на Ајфеловата Кула или вечерно крстарење по реката Сена. Ноќевање.

12. ден (15.04 /06.05) ПАРИЗ 
Појадок. Факултативена екскурзија со посета нa кралската палата во Версај и музејот Лувр. Попладне, прошетка низ Париз со јавен превоз-метро: можност за посета на уметничкиот кварт Монтмартр, со преубавата црква Секр-кер и прекрасен панорамски поглед на Париз. Прошетка низ тесните улици исполнети со уметнички галерии на отворено и познатата улица Пигал со познатото кабаре Мулен Руж. Препорачуваме посета на монденскиот булевар Шанзелизе или футуристичкиот кварт Дефанс. Ноќевање.

13. ден (16.04 /07.05) ПАРИЗ – АМСТЕРДАМ 
Појадок. После појадокот одјавување од хотелот. Слободно време за индивидуални активности или факултативна посета на Дизниленд. Целодневна забава во паркот. Во вечерните часови поаѓање за Амстердам. Ноќно возење со попатни одмори.

14. ден (17.04 /08.05) АМСТЕРДАМ
Пристигнување во Амстердам во утринските часови. Панорамски разглед на градот (пешачка тура): главниот плоштад Дам, кралската палата, музејот на Мадам Тисо, Новата Црква, цветниот пазар, плоштадот Рембрант и статуата на познататиот сликар, познатата улица Спигел, Red Light District, музејскиот кварт со Кралскиот музеј ( Rijksmuseum), Музејот на Ван Гог  (Van Gogh Museum) и Стаделајк Музејот на модерна уметност (Stedelijk Museum), можност за посета на Heineken Experience, разгледот завршува со можност за факултативно пловење по каналите на Амстердам. Слободно време за индивидуални активности. Во вечерните часови заминување за Берлин. Ноќно возење со попатни одмори. 

15. ден (18.04 /09.05) БЕРЛИН
Пристигнување во германската престолнина – Берлин. Запознавање со знаменитостите на: дворецот Charlottenburg, улицата 17.Juni, Столбот на победата, Tiergarten, државната библиотека, Potsdamer плоштадот, зградата на Рајхстагот во која се наоѓа и парламентот Bundestag, Брандебуршката капија, авенијата Unter Den Linden, државната опера, Хомболдтовиот универзитет, островот на музеите, катедралата, плоштадот Alexanderplatz со телевизијската кула, улицата Friedrichstrasse, остатоци од берлинскиот ѕид, Checkpoint Charlie... Познатата трговска улица Kurfürstendamm (Ku'Damm), во која се наоѓа најголемата стоковна куќа во Европа  KaDeWe. Ноќевање.

16. ден (19.04 /10.05) БЕРЛИН – ПРАГА 
Појадок. Слободно време за индивидуални активности. Можност а факултативен излет до Постдам, познат по величествените палати и паркови од времето на пруските кралеви или факулттивен излет до тематскиот парк Tropical Islands.  Попладне заминување кон Прага. Пристигнување во Прага, сместување во хотел. Ноќевање.

17. ден (20.04 /11.05) ПРАГА
Појадок. Панорамски разглед на градот - Старо место, Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло четврти, Кралскиот пат, Париската улица, плоштадот Старо Место со Астрономскиот часовник - Орлој, Градската куќа, Тунската црква, споменикот на Јан Хус, куќата на Франц Кафка, Универзитетот на Карло четврти, Вацлавске намести, Националниот музеј, Горниот град: Дворецот Храдчани, Катедралата Св.Вито, Златната улица... Слободно време за одмор и индивидуални активности. Можност за факултативно крстарење по реката Валтава или посета на традиционална пивница. Навечер, факултативна забава во диско клуб.Ноќевање.

18. ден (21.04 /12.05) ПРАГА – ВИЕНА
Појадок. Заминување за Виена. Пристигнување во пладневните часови. Панорамски разглед на градот: плоштадот Рингштрасе, Палатата Хофбург, Парламентот, Градската куќа, Виенската  Опера, Дворцецот Белведере, Забавниот парк Пратер ... Слободно време или можност за факултативна посета на дворецот Шенбрун - некогашната летна резиденција на Австроунгарската монархија. Во вечерните часови поаѓање за Скопје. Ноќно возење со попатни одмори.

19. ден (22.04 /13.05) СКОПЈЕ
Пристигнување во Скопје во пладневните часови.

Цена на аранжманот: 495 EUR 

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Посета на градовите: Венеција, Верона, Фиренца, Рим, Кан, Ница, Монако/Монте карло, Барцелона, Париз, Амстердам, 
  Берлин Прага, Виена, според програмата
- Сместување во хотели 2** или 3*** во трокеветни и четирикреветни соби во следните градови и услуга:  Венеција 
  (околина) 1НП – ноќевање со појадок, Рим 1НП, Ница 1НП, Љорет де Мар 3ПА-полни пасиони, Париз 2НП, Берлин 1НП, 
  Прага 2НП 
- Организирани разгледи според програмата
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Факултативни излети и екскурзии споменати во програмата
- Влезници за музеите и културно - историските споменици
- Билети за јавните превозни средства (метро, автобус, превоз до Венеција со Вапорето) 
- Задолжително патничко осигурување
- Доплата за сместување во двокреветна соба
- Други неспоменати услуги  

НАПОМЕНИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 55 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ