КУШАДАСИ / автобус

Кушадаси - Топлата гостопримливост, големиот избор на хотели, богатиот и забавен ноќен живот го прават Кушадаси една од најпосакуваните дестинации за одмор. Неговите плажи: градската, женската и долгата плажа, го олеснуваат вашиот избор за место под сонцето. Изобилството на ресторани, кафетерии, дискотеки, продавници како и двата водени паркови во близината на градот од кои едниот е еден од најголемите во светот, ви гарантираат незаборавен летен одмор.

      

01. ден       СКОПЈЕ - КУШАДАСИ 
Состанок на групата од Скопје во 09:30 ч. на паркингот пред хотел Holiday Inn. Заминување за Турција во10:00 ч. Патот води преку граничниот премин Богородица-Евзони и Грција. Ноќно возење со попатни одмори. Во Турција, премин со траект преку Мраморно море кај местото Чанакале.

02. ден       КУШАДАСИ  
Пристигнување во пладневните часови. Сместување во хотел (по 13:00 часот). Слободно време за одмор и индивидуални активности. Ноќевање.

од 03. до 11. ден     КУШАДАСИ 
Денови за одмор со престој во избраниот хотел. Комуникација со локалните представници за евентуални факултативни излети и посети. 

12. ден       КУШАДАСИ - СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на собите до 10:00 часот. Заминување за Македонија во попладневните часови. Патот води преку Измир, Чанакале и Грција. Ноќно возење со попатни одмори.  

13. ден     СКОПЈЕ 
Пристигнување во  Македонија во попладневните часови.

    

                                (кликнете на табелата за да ја погледнете комплетната понуда)

Терминитe објавени во табелата се однесуваат на ден на поаѓање (термин BUS) или ден на влез во објектите (термин check-in)

- Цените се однесуваат на пакет аранжман по лице (10 ноќевања со превоз), при сместување на минимум две лица на соба.
- Цените се изразени во EUR за уплата во денарска пртиввредност: 1 EUR = 62 MKD

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ:
- Попустите за деца и за трето лице, важат при сместување во соба со две возрасни лица
- Доплата за полупансион (појадок и вечера) во хотел SOLEIL ** (5 EUR на ден, со резервација)
- Употреба на клима уред, се доплаќа во хотелите OZCAM ** и AARGAU ** ( 3 EUR по соба на ден)

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е ВКЛУЧЕНО:
- Превоз со туристички автобус на релација Скопје - Кушадаси - Скопје (поаѓање во 10:00 h , паркинг спроти хотел Holiday Inn)
- Сместување во хотел и услуга по избор од табелата, на база 10 ноќевања
- Организација и реализација на аранжманот

ВО ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ Е ВКЛУЧЕНО:
- Задолжителна полиса за патничко осигурување (препорачуваме - полиса без франшиза)

ЗАБЕЛЕШКИ:
- За реализација на аранжманот, потребен е минимум од 40 патници
- За овој аранжман важат Општите услови за патување на СКТМ и САВАНА